Алкалоид во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп ќе игра со екипа од Австрија
Единствениот македонски клуб што успеа да се пласира во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп е екипата на Алкалоид. По двете победи над литванскиот вицепрвак Клаипеда Драгунас, сино-белите од Автокоманда одат во третото елиминациско коло, а тамо следствено на понискиот рејтинг на Македонија се рангирани на 26 место и по системот што го практикува ЕХФ во денешната ждрепка беше сместена во вториот шешир.
Во овој систем, во ждрепката екипите ќе бидат делени во два шешира и така ќе биде сѐ до 1/8 финалето, во 1/4 финалето, нема да има носители. Екипите што ќе елиминираат подобро рангиран противник, го заземаат нивното место на ранг листата. Поради ова, по второто коло, во првиот шешир напредуваа екипи како АЕК, Партизан, Крка и ја направија денешната ждрепка понепријатна за македонскиот Алкалоид.
Вкупно 32 екипи го преживеаја второто коло и денеска ги добија ривалите за натпреварите што ќе се играат на 23/24 ноември и реванш средби закажани на 31 ноември/1 декември.
Ова е последното елиминациско коло што се игра во оваа календарска година, натпреварите од 1/8 финалето ќе се играат во средината и втората половина на февруари, по паузата за Светското првенство 2025.
Противник на Алкалоид е екипата на Вест Виена од Австрија. Првиот натпревар, ќе се игра во Скопје, вториот е во Виена. Вест Виена беше рангирана на 12 место, што значи дека Алкалоид ако мине во третото коло, одново ќе биде во вториот шешир.
Ова е сосема солидна ждрепка за нашиот тим, иако противникот е силен, реално можеше да биде и полошо,
Поврзани вести