Парондо без пола тим оди на Исланд

Photo: MT Melsungen

Екипата на Мелзунген е неприкосновениот лидер на табелата во групата „Ф“ во ЕХФ Европската лига во која играат уште и Вардар и Порто. 
Бундеслигашот по две кола има два победи и на гостувањето на Исланд, кај екипата на Валур ќе патува со преполовен тим. Поранешниот тренер на Вардар од шампионската 2019, Роберто Гарсија Парондо за дуелот со Валур во Рејкјавик нема да смета на Тимо Кастенинг, Давид Мандиќ, Ерик Баленсијага, Адриан Сипош, Небојша Симиќ и Даинис Криштопанс. 
Мелзунген и натаму ќе има добар тим во кој се Менсинг, Мораеш, Јонсон... но, главниот збор треба да го имаат играчите од развојниот тим и ова да им биде шансата да се испробаат и на европската сцена. 

Ваквиот потег на Гарсија Парондо можеме можеме да го анализираме од неколку агли. Првенствено можеме да кажеме дека е кршење на фер плеј, особено ако исландскиот тим победи. 
Од друга страна, се надеваме дека и во Скопје ќе дојде вака преполовен, па ако не е кршење на фер плеј во Рејкјавик - нема да биде ниту во Скопје. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk