Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за настап во квалификациите за ЕП 2026.
Првите два дуела за Македонија се на 6 ноември во Скопје против Естонија и на 10 ноември против Литванија на гостински терен.
Селекторот има проблем со повредени играчи, особено тоа се однесува за позицијата десно крило каде што браќата Ненад и Никола Костески се вон строј, а Мартин Поповски од приватни причини не може да настапи на овој турнир.
Нема поголеми изненадувања во однос на тимот што играше во бараж плејоф со Фарски острови. Наскоро го очекуваме и скратениот список.