Комплетирано е второто коло во ЕХФ Европскиот Куп. Алкалоид е единствената македонска екипа која ги продолжува натпреварите. Утре ќе дознае против кого ќе игра во третото коло. Извлекувањето почнува во 11:00 часот.
Европската ракометна федерација ги состави шеширите за утрешната ждрепка за ЕХФ Европскиот Куп во кој ќе биде екипата на Алкалоид.
Алкалоид е единствениот од трите македонски претставника во ова натпреварување што успеа да се пласира во третото коло и утре ќе дознае против која екипа ќе игра за пласман меѓу најдобрите 16.
Македонскиот ранкинг во ова натпреварување е низок затоа што минатата сезона по долга пауза се вративме на ова ниво, а таму сезонава стартуваме од 26 место, а тоа е втор шешир.
ЕХФ го практикува системот победникот да го преземе ранкингот на поразениот доколку тој е подобро рангиран, па така во првиот шешир напредуваа Партизан, Крка и АЕК и станаа потенцијални противници на македонскиот тим.
Така, првиот шешир стана опасен, во доста екипи кои се сериозни кандидати за пехарот од натпреварувањето. Во прв ред Целје, потоа Олимпијакос, Партизан, АЕК, па турскиот Бешикташ засилен со Гурбиндо и Сориндо, норвешките Драмен и Арендал, Хаукар од Исланд итн.
Алкалоид е пак, тимот што екипите од првиот шешир сигурно ќе сакаат да го избегнат по секоја цена.
Ќе му треба на нашиот претставник добра количина на среќа утре во ждрепката, без оглед тоа што флоскулата „кој и да биде“ во случајов и не треба да се категоризира како флоскула.
ШЕШИР 1 (можни противници на Алкалоид)
Извиѓач (1)
Баја Маре (2)
Арендал (3)
Крка (4)
Хаукар (5)
Олимпијакос (6)
Ловосице (7)
Целје (8)
Винтертур (9)
Бистрица (10)
АЕК (11)
В. Виена (12)
Бешикташ (13)
Партизан (14)
Јерузалем (15)
Драмен (16)
ШЕШИР 2
Анортозис (17)
БК 46 (18)
Полва Сервити (19)
Раховец (20)
Кремс (21)
Диомидис (22)
Бриксен (23)
Мотор (24)
Леотар (25)
Aлкалоид (26)
Мистра (27)
Ловќен (28)
Ќур (29)
Пореч (30)
Tурда (31)
Рунар (32)
Поврзани вести