Вардар го смени тренерот Недановски

Подолго време навивачите на Вардар, барем еден дел од нив, бараа смена на тренерот Владо Недановски, иако Вардар со него на клупата има освојувано пехари. Времињата делумно се сменија, сега Пелистер е главниот во Суперлигата, А Михајло Михајловски, сака да го врати назад Вардар на тронот. Денеска со соопштение објави дека е сменет тренерот Недановски, а играчите треба да се замислат за својот статус. 

„Последните четири години клубот двапати освојуваше двојна круна, и уште еден Куп на Македонија, и игравме во осмина-финалето на Лига на шампионите. На клупата на Вардар во тој период беше Владо Недановски кој ја доби нашата целосна поддршка, како човек кој долги години е лојален на клубот, и беше дел и од шампионската екипа на Вардар од Келн. Сакам да му изразам благодарност на Недановски за неговата професионална посветеност во тој период и напорите кои ги вложи за постигнување на резултатите.

Нашите планови, желби и амбиции се годинава да ја вратиме титултата, да го освоим екупот и достојно да се презентираме во Лига Европа. Сакајќи да ја вратиме титулата, пред почеток на сезонава се засиливме со доста квалитетни играчи: Танкоски, Стојановски, Еспиња, Горига, Коиј, Ашраф, Пинто и Крсманчиќ. Со овие засилувања оценката на стручниот штаб и на клубот беше дека екипата е најмалку 30 отсто посилна од лани и желбите и целта беа да се освои титулата, купот и достојно да се претставиме во Лига Европа. Дополнително го ангажиравмне и Вуко Борозан.

За жал имавме неколку пехови со повреди на играчи, Пинто, Горига, Јагуриновски, Танкоски, а свесен сум дека треба период на воигрување на тимот. Меѓутоа во првото коло не изнанади Алкалоид, и тие покрај Вардар и Еурофарм Пелистер станаа сериозен кандидат за титулата. Меѓутоа првенството е долго, ќе има и други изненадувања, и се надевам дека ние нашата зацртана цел ќе ја реализираме.

Со сегашниот тренер Владо Недановски заеднички се договоривме дека во овој момент, и во интересен на клубот е најдобро некој друг тренер да продолжи со тимот, и да се обидеме заеднички да го оствариме она што е наша цел сезонава.
Во овој период е тешко да се најде квалитетен а слободен тренер, но веќе преговараме со тројца добри тренери, кои не се од блиското опркужување. Сигурен сум дека до среда (30 октомври) ќе го имаме името на новиот тренер. За сите условот е најдоцна до 15 ноември да почнат да работат со тимот. До тогаш тимот ќе го води Стојанче Стоилов, сегашниот помошник тренер.

Во ракомет е пракса дека кога нешто не оди, прво да се смени тренерот, иако не сме задоволни ниту од дел од играчите кои не го дадоа она што го очекуваме од нив, и тие треба да се замислат за својот иден статус во РК Вардар. Најважно е максимумот да го дадат на тренинзите, бидејќи како се тренира, така и се игра.
Со досегашниот тренер, Владо Недановски пријателски се договоривме да остане и понатаму дел од клубот, и заедно сите да работиме на постигнување на подобри резултати на сите полиња. Верувам дека ќе успееме во тоа, бидејќи патот е веќе трасиран, и треба само да бидеме упорни во одењето кон врвот, “ се вели во соопштенито на Вардар

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk