foto: GRK Ohrid
Македонија остана со само еден претставник во ЕХФ Европскиот Куп, откако денеска и Охрид неславно ја заврши мисијата во Романија.
Охриѓани во Турда допатуваа со предност од шест гола, а за потсетување во последната минута во „Билјанини извори“ водеа и со осум гола разлика. Но, тоа не беше доволно.
Денеска четата на Стевче Алушовски се распадна во второто полувреме во Романија и се враќа со дебакл пораз од 10 гола (29-39).
Охрид беше на добар пат да се избори за третото коло, во кое вечерва се пласираше Алкалоид. Романците диктираа ритам и водеа и во првото полувреме, но таа разлика беше еден до два гола. Во финишот на првото полувреме Турда поведе со 17-14 и тоа беше резултат на полувреме.
Во 39 минута беше 21-17, а потоа комлетна доминација на домашните кои стигна до 27-18, девет гола предност и добра залиха за до крајот на натпреварот.
Од тој момент до крајот, Турда водеше со разлика која се движеше од осум до 11 гола, за на крајот на семафорот да биде регистриран резултатот 39-29.
Кристијан Гита им даде дури 15 гола на охриѓани, а поранешниот играч на Металург, Кбилашвили постигна шест гола.
Во поразениот тим, Гоце Ојлески постигна пет погодоци и беше најдобриот стрелец.
Поврзани вести