Алкалоид со победа се враќа од Литванија

G-Sporво Клаипеда, Литванија
Ристо Ѓамовски

КЛАИПЕДА ДРАГУНАС - РК АЛКАЛОИД 31-37 (17-21)
Сала: „СБВ“ во Клаипеда, Литванија. Судии: Алис Ватсон и Лине Велин од Шведска. Делегати: Венцил Калев од Естонија
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (3 одб), Галевски 1 (9 одб+ 1сед), Петров, Маркоски, Младеновиќ 1, Серафимов 7, Карасманакис, Стојковиќ 3, Митев 6, Ѓоргиев 3, Велковски 1, Симоноски, Бинго 6, Силва 3, Петковски 6, Савревски
Седмерци: 4/7 Исклучувања: 8 мин


РК Алкалоид ја комплетираше својата прва задача во ЕХФ Европскиот Куп со двојна победа над Клаипеда Драгунас и во вторник ќе ја очекува ждрепката која ќе му го додели противникот во третото коло од ова натпреварување.
Кирил Лазаров вечерва во Клаипеда на можеше да смета на Никола Костески и Иван Џонов, а во составот за разлика од првата средба беа Франциско е Силва и Давид Савревски.




Алкалоид од почетокот имаше доминација и контрола. Поведе преку Стојковиќ, потоа Франциско изнуди исклучување, во продолжение Галевски погоди на празна мрежа за 2-0, па Стојковиќ уште еднаш погоди за 3-1. Арно Бинго донесе водство од 4-1 откако Галевски ја запиша втората одбрана. Следеше гол на Митев, одбрана на Галевски и нов гол од Бинго за водство од 6-2 во седмата минута. Следеа два гола на Петковски за водство од 8-2 и прв тајм аут за Драгунас.

Потоа се разгоре битка, мечот доби ритам сличен на тој во Автокоманда и се редеа убави моменти и голови, но и грешки на двете страни.
По 15 минути игра Алкалоид водеше 15-8, а во неколку наврати стигна и до плус девет гола. Комотното водство ги олабави премногу скопските ракометари, па следеше полабав период, неколку врзани грешки грешки по кои домашните се разлетаа и намалија на 15-20. До крајот на првиот дел продолжи тој тренд, па на одмор се замина со резултат 21-17 за Алкалоид.



Гол за гол се играше на почетокот на вториот дел, со тоа што Алкалоид ќе поведеше со пет гола, па ќе погрешеше и ќе ги вратеше домашните во живот. Ѓоргиев одигра капитенски во овој период и го држеше ритамот, но свои моменти имаше и домашниот голман, па по третиот одбранет седмерец, Клаипеда намали на 24-26, во 40 минута.
Пет минути подоцна, беше 31-25 за Алкалоид и се врати комоцијата во играта на скопскиот состав. Toa домашните го искористија и се бореа со екстра мотивација за да останат непоразени пред малубројната, но бучна публика наоружана со вувузели и тапани. 
Немаше нервоза до крајот, Алкалоид мирно го приведе мечот кон крајот со победа од 37-31. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk