G-Sport во Клаипеда, Литванија
Ристо Ѓамовски
Беше еден од јунаците на големата победа во Автокоманда на првиот меч од дуелот со Клаипеда Драгунас. Денеска одново ќе биде на голот на Алкалоид и ќе им создава главоболки на литванските ракометари. Младиот Иван Галевски продолжува да се развива во голман кој треба во еден момент да стане и стандарден во изборот на играчи за националниот тим.
На вистинското место е, добива и стручна помош и многу потребната минутажа и очекуваме денеска нов вистински придонес од него.
„Победата од првиот меч од 11 гола разлика е голема, но не мора да значи ништо за тоа кој ќе победи на реванш мечот. Драгунас е квалитетна екипа што трча 60 минути и сигурно ќе бидат дополнително мотивирани по високиот пораз во Скопје.
Затоа ние ќе бидеме максималноо фокусирани, мотивирани и сконцентрирани. Нема да браниме разлика, туку ќе одиме на победа, како и секогаш така и на овој натпревар, изјави Галевски пред денешната средба со Драгунас Клаипеда