Е. ПЕЛИСТЕР – ВЕСПРЕМ 23-30 (12-17)
Митревски (14 одб), Кузмановски 7, Борзаш 4 – Циндриќ 8, Деска 6, Фабрегас 6
Битолски Пелистер запиша уште еден пораз во Лигата на шампионите. На домашен терен, македонскиот првак беше послабиот противник на дуелот со Веспрем, еден од најскапите состави во Европа во моментов.
Со нов тренер, но не и со нешто ново во играта, Пелистер денеска беше во подредена улога целиот натпревар. Не беше голема разликата, во првиот дел главно околу четири гола водеа Унгарците, а во второто околу шест-седум, но немаше јуриш на домашниот состав со кој би донел некаква поголема неизвесност.
Имаше и убави моменти за домашната публика, летнаа неколку цепелини и завршија во мрежата на Коралес, имаше убави погодоци од Филип Кузмановски, а најдобар и на овој меч беше голманот Никола Митревски кој успешно ги сминуваше шутевите и го фрустрираше десното крило Микита Вајлупов, играч што обично има висока реализација.
Немаше особен ритам натпреварот, немаше летечки транзиции и голови во серија. Двата тима прифатија таков условно кажано мирен ритам во кој уште по пет минути се знаеше кој е победникот.
Поврзани вести