Палмарсон ќе дебитира во Битола

Ракометна Битола можеби нема шанса да се радува на добри резултати (засега) во сезоната, но затоа има уникатна можност во живо да гледа врвни ѕвезди на ракометниот спорт, а вечерва кога Веспрем ќе дојде во „Боро Чурлевски“, списокот на ѕвезди ќе биде поприлично долг. Издвојуваме едно име што веќе мислевме дека нема да имаме шанса да го видиме, а тоа е Арон Палмарсон кој ги прекина полупензионерските денови на Исланд и одново се враќа во најсилната конкуренција.
Палмарсон се враќа во Веспрем како замена за повредениот Јахија Елдера и денеска ќе го има дебито во Лигата на шампионите во Битола. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk