Вардар не успеа, пропушти голема шанса

ВАРДАР 1961 – ПОРТО 22-26 (12-10)
Ансер 4, Лазаревски 3, Георгиевски 3 – Мамду 7, Диого 7

Вардар не успеа, не ја искористи големата шанса што Порто му ја сервираше од Исланд. Македонскиот тим вечерва е поразен на домашен терен од Португалците (22-26) и иако шансите за пласман во Главната рунда не се загубени, вечерашниот пораз е голем чекор назад во трката со сино-белиот тим од Атлантикот.
Вардар одигра добро прво полувреме и имаше плус два на контото по паузата (12-10). Но, црвено-црните не успеја да најдат ефикасна одбрана против играта седум на шест која Порто ја усовршува со години наназад.

Со голема помош од голманот Диого Рема кој мечот го заврши со 14 одбрани, наспроти вардаровите вкупно шест, Порто направи пресврт во вториот дел и стигна до комотно водство. Израмнија гостите на 16-16, а потоа и направија серија од 4-1 за водство од 20-17. Вардар имаше еден бран на своја страна, но успеа да намали на два гола разлика и тука беше запрен.

Порто погодуваше во финишот и на крајот запиша победа од четири гола разлика.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk