РК АЛКАЛОИД – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 32-25 (16-12)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегати: Марјан Начевски и Ацо Николовски
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (8 одб), Галевски (1 сед), Џонов, Маркоски, Костески 5 (2), Младеновиќ, Серафимов 8 (4), Карасманакис 1, Стојковиќ 2, Митев 2, Ѓоргиев 3, Велковски 4, Симоноски 1, Бинго 6, Силва, Петковски
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 14 мин
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР: Митревски (11 одб), Ивиќ, Манасков 3, Цехте, Ристевски 2, Ц. Кузманоски 1, Тајник, Борзаш, Радивојевиќ 2, Ф. Кузмановски 11 (5), Абутовиќ, Пешевски 1, Ѓорговски, Хосни 1, Хаџиќ, Павле Атанасијевиќ 3
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 6 мин.
Алкалоид запиша нова голема победа во Суперлигата. По Вардар, оружјето во Автокоманда го положи и актуелниот првак Пелистер кому ова е трет пораз по ред од тимот на Кирил Лазаров.
Алкалоид почна брзо и прилично импресивно и по пет минути водеше 4-1. Но, битолчани не возвратија со ист ритам како што беше случајот на Суперкуп натпреварот, туку ја смируваа играта, а Митревски беше одличен и одбрани три удари во следниот период, па намалија на 3-4 во седмата минута и се вратија во игра.
Првото израмнување беше во 10 минута (6-6), но Бинго играше одлично и со два гола по ред го врати Алкалоид во предност (8-6).
Ангеловски ротираше доста, а Атанасијевиќ му беше погодок во составот и тој ги одржуваше во игра, а Лазаров по 15 минута почна да го освежува составот со Карасманакис, Ѓоргиев и Серафимов во игра.
Во 20 минута, Алкалоид ја врати „почетната“ предност од три гола (12-9), дури имаше и напад за плус четири, но направија пробивање во напад домашните играчи.
Веќе во следниот напад, Алкалоид зголеми на 13-9, по што и Кизиќ одбрани зицер и Алкалоид напаѓаше за плус пет, а Бинго со петтиот гол донесе водство од 14-9.
Потоа домашните пропуштија напад и за плус шест, па битолчани тоа го искористија и во 25 минута намалија на 10-14.
Битолчани имаа проблеми во нападот и неколку напади по ред беа под пасивна, но успеваа да погодат во критичните моменти, па така беше сѐ до крајот на првиот дел кој заврши 16-12 во полза на Алкалоид.
Павле Атанасијевиќ изнуди пенал и исклучување уште во првиот напад во вториот дел, а безгрешен во реализација на седмерците беше Кузмановски.
По пет минути игра во вториот дел, Алкалоид водеше 19-14. Младиот Ристевски имаше свои минути и погоди двапати за да го одржи гостинскиот состав во рамнотежа.
Голем пех за домашниот тим се случи во 38 минута кога Никола Костески во обид да пресече напад лошо падна и за него мечот заврши. Тој мораше на носилки да биде изнесен од теренот, а наскоро ќе знаеме за каква повреда се работи.
Во 41 минута Алкалоид стигна до максималните до тој момент плус шест гола разлика (23-17), па Ангеловски беше принуден да побара тајм аут.
Алкалоид имаше и плус седум (24-17) пред Кузмановски со два погодока да намали на 19-24. Натпреварот се играше во ритам гол за гол, времето почнуваше да работи против битолчани, но тие не забрзуваа, а нападите главно индивидуално ги решаваше Филип Кузмановски или пак Манасков беше последната опција.
Бранко Ангеловски нов тајм аут бараше во 52 минута откако Алкалоид поведе со 29-22. Веднаш потоа Бинго погоди за 28-22 во 53 минута.
Во 54 минута Манасков заработи директен црвен картон за опасен старт над Марко Митев за среќа без последици.
До крајот, Алкалоид умешно ја бранеше предноста и запиша заслужена победа.
Поврзани вести