Ѓорѓиќ од Војводина оди во Партизан, повреда на Дибиров, плус трансфери и вести

Трансфер бомба на релација Војводина – Партизан. Петар Ѓорѓиќ, познатиот српски ас кој годинава е во втор план во Нови Сад, истиснат од екипата од Милан Јовановиќ, наводно потпишал договор со Партизан и се сели во Белград.

Тимур Дибиров е повреден и нема да настапи на следниот натпревар на Загреб од Лигата на шампионите на кој ќе се сретнат со екипата на Нант. Се работи за повреда на листот на ногата, а од клубот не прецизираа за деталите за повредата и колку долго нема да биде во составот. 

Норвешкиот репрезентативен голман, Кристијан Северас на крајот на сезоната ќе замине од бундеслигашката екипа Лајпциг. Клубот се надева дека во своите редови ќе го доведе голманот на Кил, Томас Мрква.

Доскорешниот селектор на машката репрезентација на Шведска, норвешкиот тренер Глен Солберг, реши да поднесе оставка од позицијата пред еден месец. Нема долго да биде невработен, од декември почнува нова авантура како дел од Олимпискиот тим на Норвешка.



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk