Алборг и Данска останаа без важен играч

Еден од најголемите дански таленти од новиот бран, десниот бек Мадс Хоксер ќе мора на долга принудна пауза и ќе ги пропупти важните дуели на Алборг во Лигата на шампионите и Светското првенство што во јануари ќе се игра во Данска, Норвешка и Хрватска.
Мадс Хоксер има незгодна повреда на грбот која му прави проблеми подолго време и по консултации и договор со клубот е донесена одлука да оди на операција и да го реши проблемот. Паузата по овој оперативен зафат би требало да трае околу пет месеци.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk