Пикер од Египет доаѓа во Битола

Актуелниот првак на Македонија, битолски Пелистер ангажираше уште едно странско засилување за тековната сезона и битките првенство на домашната сцена, со можност и да ја поправи својата статистика во Лигата на шампионите.
Египетскиот пивот Мохамед Мамдух Шебиб, потпиша договор со првакот на Македонија за сезоната 2024/25 и следната сезона 2025/26.
Шебиб како ракометар на Монпеље ја освои Лигата на шампионите во 2018 година, романското првенство и Куп со Динамо Букурешт, азиската Лига на шампиони, првенството и Купот на Катар со Ал-Џаиш, африканската Лига на шампиони, првенството и Купот на Египет со Замалек...
Шебиб ќе биде регистриран за натпреварите на Еурофарм Пелистер во Суперлигата и Лигата на шампионите уште од оваа недела. Неговото претставување е предвидено в петок на 25 октомври.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk