Како ќе изгледа листата на носители пред ждрепката во ЕХФ Куп

Комплетирани се првите дуели од ЕХФ Европскиот Куп во кој настапија и две македонски екипи, Алкалоид и Охрид. И двата наши тима имаат добра залиха пред реванш натпреварите што ќе се играат викендов на гостински терен, што нѐ натера да погледнеме и кон комплетниот список на учесници. 
Иако со ЕХФ и нивните регулативи никојпат не сме на чисто, овој пат ги одвоивме тимовите и според нивниот ранкинг на листата на ЕХФ Европскиот Куп. Според ланскиот систем, екипите што ќе елиминираат подобро рангиран тим го заземаат нивното место на листата. Тоа не е добрата вест затоа што и Алкалоид и Охрид ќе останат во вториот шешир, но затоа од втор во прв шешир (најверојатно) ќе напредуваат екипите на Партизан и АЕК Атина меѓудругите, а во првиот шешир остануваат Целје, Олимпијакос, Винтертур.  

РЕЗУЛТАТИ 1 НАТПРЕВАР ЕХФ КУП
Во заграда се местата на екипите на ранг листата на ЕХФ Куп.
Првите 16, ќе бидат во прв шешир, другите 16 во вториот. 


Алкалоид (26) - (50) Драгунас  42-31
Охрид (49) - (31) Турда  31-25
БК 46 (18) - (54) Брно 41-29
Арендал (3) - (63) Драма  37-35
ЧСМ Букурешт (67) - (32) Рунар  25-37, 26-29
Слобода  (73) - (9) Винтертур 26-24 (20-29)
Хаукар (5) - (43) Кокс 35-26
Борац (15) - (70) Јерузалем  26-20
Свиеса (27) - (44) Мистра  34-30
Бешикташ (13) - (52) Динамо Панчево  34-27
Ловосице (7) - (45) Беса  38-28
Олимпијакос (6) - (56) Аон Фајверс  30-21
Партизан (33) - (14) Берхем 35-24
Бистрица (10) - (35) Жубри  25-20
Металопластика (4) - (36) Крка  30-32
Сасари (72) - (1) Извиѓач  38-39
Бриксен (37) - (23) Х71 34-30
Еш (40) - (24) Мотор  26-32
Грачаница (41) - (8) Целје  35-43
Кремс (38) - (21) Волендам  29-26
Визе (22) - (69) Диомидис  21-26
В. Виена (12) - (48) ВИФ  30-34
Бохолт (47) - (20) Раховец   32-29
Викендов прв натпревар играат:
Баја Маре (2) - (39) Бејкоз
Пореч (71) - (30) Лондон
Фасано (11) - (34) АЕК 
Анортозис (17)  - (53) ПАОК
Тенакс (25) - (59) Леотар
Драмен (68) - (16) Холон
Баки (51) - (28) Ловќен
Строволу (42) - (29) Кур
Полва Сервити (19) - (46) Хари Ап


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk