Кучиња го искасале Борозан, неизвесен е за настап

Тренерот на Вардар, Владо Недановски на денешната прес конференција со која е промовиран натпреварот со Порто од ЕХФ Европската лига објави дека црногорскиот бек Вуко Борозан е неизвесен за настап на утрешниот меч.
Борозан завршил со болница со повеќе од десет конци откако бил нападнат од кучиња скитници во Скопје. Црногорецот ги шетал своите деца кога бил нападнат од кучиња и во обид да ги одбрани заработил повеќе повреди.
Во составот на Вардар ќе ги нема ниту Горига, Пинто и Јагуриновски кои се повредени на подолг период.

Натпреварот меѓу Вардар и Порто ќе се игра утре со почеток од 20:45 часот во салата „Јане Сандански“ во Скопје

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk