Франција остана без Н'Гесан

Foto: FC Barcelona

Ракометарот на Барса, Тимоти Н'Гесан (Енгесан), одлучи да ја заврши репрезентативната кариера и веќе го информираше селекторот Гијом Жил дека нема да настапува за Франција во иднина. 
Н'Гесен има 32 години и ќе биде активен сигурно уште неколку сезони, па оваа одлука веројатно се должи на неговото изоставување од списокот на репрезентативци за Олимписките игри во Париз. Тогаш Н'Гесан беше на списокот, но поради правилата на ОИ во состав да има 14 место стандардните 16 играчи, остана вон тимот. 

Франција ќе настапи на претстојното Светско првенство во Хрватска, Данска и Норвешка и ќе игра во Загреб заедно со репрезентациите на Катар, Австрија и Алжир. Три од овие репрезентации ќе продолжат во Главната фаза во Вараждин каде што ќе вкрстат со трите подобри екипи од групата во која се Македонија, Унгарија, Холандија и Гвинеја. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk