Најважниот меч за Вардар годинава!

foto: RK Vardar

Екипата на Вардар 1961 се најде во убава позиција во ЕХФ Европската лига од која може со еден удар во пракса да си обезбеди пласман во Главната рунда на натпреварувањето. Тој еден удар или еден натпревар е на програмата утре кога во Скопје (20:45 часот), во својата сала ќе се сретне со стариот познаник од Лигата на шампионите, екипата на Порто.

Двата тима сега се во улога на вицешампиони на своите држави, а скопскиот дуел доби етикета решавачки откако Порто во минатото коло на гостински терен на Исланд одигра само нерешено со тимот на Валур.

Имајќи предвид дека во оваа група се наоѓа и топ фаворитот Мелзунген кој веќе победи на гости во Порто, го совлада и Вардар во второто коло и би било чудо ако до крајот на оваа фаза од натпреварувањето загуби бод на кој било терен, тогаш „бројките“ сами се местат во полза на Вардар.
Вардар со победа утре, ќе има до крајот на оваа фаза ќе има уште еден решавачки меч, а тоа ќе биде гостувањето на Исланд што е предвидено за 19 ноември годинава.

Големата шанса на црвено-црните е утревечер на скопскиот дуел со Порто. Ако Вардар победи, тогаш сѐ ќе има во свои раце и Порто веќе нема да се прашува за ништо. (Ова подразбира Порто да загуби на гости кај Мелзунген).
Со оглед на односот на силите што ги видовме во Скопје на дуелот меѓу Вардар и Валур, македонскиот тим не би смеел да пропушти шанса да победи и на Исланд и така заедно со Мелзунген да помине во следната фаза каде ќе вкрсти со групата во која се Кил, Војводина, Нексе и Торелавега.







 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk