Литванија остана без најпознатиот играч

Единствениот литвански ракометар кој ја има освоено Лигата на шампионите, Јонас Тручановичиус, не само што ќе го пропушти стартот на квалификациите за ЕП 2026 и дуелот со Македонија на 10 ноември, туку најверојатно ќе ги пропушти и возвртните натпреври што ќе се играат следната пролет.

Јонас Тручановичиус во 2023 од Мотор Запорожје дојде во бундеслигашот Штутгарт, но уште во октомври мораше на операција на вкрстени лигаменти на коленото. Рехабилитацијата траеше долго, но само што се врати на терен сезонава, одново се повреди на бундеслигашки меч со Лајпциг.

Повторно настрадаа лигаментите на коленото и ќе мора на нова операција, а периодот за враќање на терен е „неодредено“.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk