Убав пример како треба да се води грижа за спортот е салата „Автокоманда“ која постојано се реновира и подновува и објектот добива контури на модерно борилиште и веќе е репрезентативен објект. Покрај извршените реновирања и реконструкции активни минатата година кога беа решени проблемите со кровот, осветлувањето, фасадата, подтрибинскиот дел и медија делот, за натпреварот со Клаипеда Драгунас новитет се и двата семафора што за овој натпревар ќе стојат над записничката маса и на спротивната трибина.
Ова е пробен момент, инсталирани за потребите на РК Алкалоид за меѓународниот натпревар, но за многу кратко време салата „Автокоманда“ ќе добие друг, свој семафор што ќе биде поставен на друга позиција во салата.