Заврши сезоната за бекот на Веспрем

Photo: Telekom Veszprem

Египетскиот централен бек на Веспрем, Јахија Елдера, заработи сериозна повреда на натпревар од Лигата на шампионите и за него актуелната сезона наверојатно е завршена.
Елдера се повреди на дуелот од ЛШ против Фредериција, а испитувањата покажаа дека е скинат вкрстениот лигамент на коленото. Операција е неизбежна, периодот на рехабилитација вообичаено трае најмалку шест месеци пред враќањето на терен.
Клубот информираше дека не очекува тој да се врати во игра до крајот на сезоната и со тоа се погреваат шпекулациите дека Арон Палмарсон би можел повторно да го облече дресот на унгарскиот првак.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk