Кирил Лазаров, тренерот на Алкалоид ги одреди 16-те ракометари со кој освојувачот на македонскиот Куп и Суперкуп ќе ги почне натпреварите во ЕХФ Европскиот Куп.
Кирил Лазаров за вечерашниот натпревар нема да сметка на искусниот голман Благојче Трајковски, а довербата комплетно е доверена на Марко Кизиќ и Иван Галевски. Во составот ги нема и Костадин Петров и Франциско Оливеира e Силва, како и младиот Дамјан Митев кој сѐ уште е надвор од теренот поради повредата заработена летово на јуниорското ЕП.