Алкалоид и Охрид денеска на европската сцена

Два македонски претставника во ЕХФ Европскиот Куп денеска на домашен терен ги почнуваат натпреварите од второто коло.
Акалоид во Скопје го пречекува Драгунас Клаипеда, Охрид во „Билјанини извори“ ќе игра против Потаиса Турда од Романија. Двата натпревари почнуваат од 19:00 часот, но тоа овој пат и не е преголем проблем за фановите на двата клуба, а и пошироката јавност, затоа што се игра во различни градови, а ТВ пренос сеедно нема да има.
Ова се натпревари од второто коло во кое 64 екипи ќе се борат за следната фаза. Оваа календарска година ќе се игра уште и третото коло, во втората и третата недела од ноември, а потоа 16 најдобри ќе продолжат во март со елиминациите.
Двата наши претставника одржаа прес конференции, ги кажаа своите ставови и очекувања и вечерва треба да одговорат на предизвиците.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk