Топ 5 вести: Палмарсон во Веспрем, суспензија за Македа...

Романската екипа Констанца, се соочува со губење на бодови и забрана за трансфери во следните две години доколку во следната недела не го исплати заостанатиот долг кон својот бивш тренер Лорентиу Тома како и тренерот на голмани Руди Станеску од пред две години.

Хорхе Македа е казнет со суспензија на следните четири натпревари во шампионатот на Полска. Казната е изречена поради синиот картон што го доби на дуелот со Висла Плоцк, поради гризање на противнички играч.

Не е само Висла Плоцк заинтересирана за услугите на унгарскиот десен бек Зоран Илиќ, туку и екипата на Монпеље сака да го види во своите редови.

Не се големи шансите во моментов Ахмед Хешам од Монпеље да потпише за Висла, но реални се шансите да го ангажираат Камил Шипжак.

Исландскиот ас Арон Палмарсон би можел уште веднаш да се пресели во редовите на унгарскиот состав Веспрем и да настапува во Лигата на шампионите.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk