Ѓоргиев: Екипата е спремна за Европа

Алкалоид утре од 19:00 часот ја почнува својата втора европска авантура. Прв меч од второто коло од ЕХФ Куп на кој противник ќе им биде Клаипеда Драгунас од Литванија. 
Капитенот на Алкалоид, Игор Ѓоргиев потенцираше на прес конференцијата дека натпреварите во ЕХФ Куп ќе бидат ново искуство за тимот. 

По одличниот старт на сезоната каде имаме седум победи, ни следува натпревар во Европскиот Куп каде имаме за противник екипа од Литванија. Го анализиравме противникот во изминатиот период, ние како екипа имаме искуство во Европската лига од лани, но оваа година ќе играме Европски Куп каде системот е поразличен. Првиот меч ни е дома, играме пред нашата публика, а кога играме дома секогаш сакаме да сме најдобри. Како капитен тврдам дека екипата е спремна, ростерот ни остана ист од лани, збогатен со неколку играчи. Ја повикувам јавноста да ни даде поддршка и се надевам на победа“, изјави капитенот Ѓоргиев









 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk