Охрид на тежок евро испит, Алушовски верува во победа

foto: GRK Ohrid

По седум години во Охрид одново ќе се игра официјален европски натпревар. Во рамки од второто коло во ЕХФ Европски Куп, на езерото ќе гостува романската екипа Турда, еден од поквалитетните романски тимови, амбициозен состав што игра во нова сала што секогаш е мотив плус и за фанови и за играчи.
Првиот меч ќе се игра во сабота (19:00 ч) во Охрид, реваншот е седум дена подоцна во Романија.
Денеска се одржа и прес конференција на охрискиот тим на која зборуваа тренерот и ракометарите.



„Немавме среќа со ждрепката, но ова е награда за добрата работа во минатата сезона. По седум години играме во Европа. Турда е една од водечките екипи во Романија, составена од квалитетни домашни и странски играчи. Имаме сознанија и видео материјали. Охрид ќе биде прво полувреме од двомечот, се надевам дека ние ќе бидеме победници.
Искусен состав се, десетина години играат во Европа, освојувачи се на овој Куп. Имаат слабости, не би зборувал за тоа. Ние имаме наш систем и доволно квалитетен тим. Не се плашиме, не ги потценуваме но не ги и преценуваме. Фаворити се имаат повеќе искуство, но ќе сториме се за да ги победиме.
Тоа што малку ме загрижува, играта е што ја прикажавме со Пелистер. Разговараме многу со играчите на темата зошто не го покажуваме целиот потенцијал. Мислам дека сите сме свесни од најстар до најмлад дека имаме квалитет. Мечот со Пелистер е првиот од серијата на тешки натпревари. Ни претстојат мечеви на кои секоја грешка се казнува. Работиме на тоа да се исправат грешките“, изјави тренерот на ГРК Охрид, Стевче Алушовски. 







 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk