Заврши сезоната за бекот на Мелзунген

Photo: DYN

Мелзунген запиша блескава победа над Вардар 1961 во второто коло од ЕХФ Европската лига, но тимот на Гарсија Парондо ќе плати висока цена за оваа средба.
Амин Дармул, тунискиот племејкер, по десетина минути игра додека беше во напад незгодно доскокна и почна се превиткува од болка.

Македонскиот репрезентативец Милан Лазаревски го изнесе на раце противничкиот ракометар, кој веднаш беше пренесен во болница за третман и испитување.

По извршeнитe снимања и собрани неколку докторски мислења, дијагнозата е следнава: Скинати вкрстени лигаменти на коленото, а оштетување има и на тетивата и на капсулата. Операцијата е единственото решение за проблемот, а сезоната за Амин Дармул е завршена.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk