-
17.10.2024
-
Вести, Актуелно
Photo: PSG Handball
Висла Плоцк, вечерашниот противник на македонскиот првак Пелистер во Лигата на шампионите веќе има во план голема реконструкција на екипата за следната сезона и доколку се реализираат најавите ќе има еден од најсилните тимови во Европа.
Висла Плоцк за следната сезона веќе ги има „капарисано“ десниот бек на Барса, Мелвин Ричардсон и голманот на Колстад, Торборн Бергеруд.
Доаѓањето на норвешкиот голман извесно значи дека Виктор Халгримсон би заминал како што беше најавено (замена за Варгас во Барса), а не е исклучено и заминувањето на Мирко Алиловиќ кој веќе влегува во петтата деценија. Но, тоа се познати комбинации, новите се тие што треба да направат разлика.
Мелвин Ричардсон доаѓа, но ќе има уште еден нов десен бек во ротацијата. Тоа би требало да биде Зоран Илиќ, српски бек со унгарско државјанство. Тој веќе беше дел од Висла пред три сезони, како позајмен играч од Веспрем. Неговото доаѓање ќе значи или заминување или прекоманда во тимот за Томас Пирох и Марко Паниќ.
Уште две нови имиња се најавени за тимот на Висла Плоцк.
На ангажманот на Хасан Кадах во Келце, а тој беше најдобриот стрелец и најдобриот лев бек на кадетското СП во Македонија во 2019, Висла Плоцк ќе одговори со ангажман на МВП играчот на кадетското СП во Македонија во 2019, исто така од Египет – Ахмед Хешам. Тој во моментов е играч на Монпеље.
За позицијата пивот, Висла Плоцк спрема атракција. По 11 сезони во тимот би требало да се врати Камил Шипжак, ракометрот на ПСЖ и првата ѕвезда на полскиот ракомет во моментов.
Поврзани вести