ЛИГА НА ШАМПИОНИ
18:45 Колстад - Келце
18:45 Веспрем - Фредериција
20:45 Висла - Пелистер (ТВ Арена Спорт 2 Премиум)
20:45 Спортинг - Берлин (ТВ Арена Спорт 1 Премиум)
20:45 ПСЖ - Динамо Букурешт
Македонскиот првак ја продолжува својата авантура во Лигата на шампионите со натпревар што ќе се игра во Полска, кај актуелниот полски шампион Висла Плоцк.
Натпреварот ќе почне во 20:45 часот, а директно ќе биде пренесуван на ТВ Арена Спорт 2 Премиум.
По четири натпревари во европската елита на кои освои еден бод, минатото коло на домашен терен со Спортинг, а и лесно добиеното суперлигашко дерби со Охрид, фановите на Пелистер се во исчекување да видат дали станува збор за пресврт во сезоната на својот миленик.
Следуваат три важни натпревари, вечерва со Висла Плоцк, следната недела во два дена, вторник и четврток на гости со Алкалоид и на крајот со Веспрем. На тест ќе биде и тактичката и физичката спремност на екипата која треба одговори на овие предизвици. Тимот е составуван за вакви потреби, има широк ростер во кој се и голем број на интернационалци и најголем дел стартери во македонската репрезентација, па овој збиен распоред не би требало да биде проблем.
Висла Плоцк во ЛШ нема освоено ниту бод во првите четири кола и тоа е удар за избраниците на тренерот Хавиер Сабате од кои се очекува да бидат кандидати и за настап во Келн. За волја на вистината тие во првите четири кола имаа тежок реаспоред и нивните порази особено од ПСЖ и Берлин се минимални, но домашниот пораз од Динамо Букурешт фрла сенка на досегашната сезона. Делумно се „извадија“ на домашната сцена со победата над Келце, но таа победа ги стави на насловните не заради играта, туку по скандалот меѓу двата шпански тренери, Сабате и Талант кои се испокараа по мечот, а потоа кавгата се пресели и низ цела Европа благодарение на медиумите.
Неуспех денеска за Полјаците е рамно на катастрофа, додека битолчани се ослободени од дел од притисокот по минатонеделниот бод и тоа понекогаш знае да биде поттик да е се одигра подобро. Споредување на екипите, пак, не е неопходно, разликата е голема. Висла е еден од тимовите кои можеби се и во Топ 10 според буџетот, а најавените играчи за следната сезона (Торборн Бергеруд, Мелвин Ричардсон) зборуваат за јасно изразена желба да го посетат Келн како актери.
Поврзани вести