Барса го преживеа Загреб, Сегед утна пенал за реми

photo: FC Barcelona

Барса останува единствената екипа во Лигата на шампионите која и пет одиграни натпревари е на 100% победи.
Вечерва во Загреб, каталонскиот тим го совлада борбениот домашен тим, 31-29. Конечниот резултат покажува дека загрепчаните имаа шанса и за бод против големиот противник, шанса до која дојда по едночасновна жестока борба во која не се предадоа и кога имаа и минус осум во првото полувреме (9-17), ниту кога гостите успеаја да ги издржат нивните напади и да дојдат до позиција за мирен финиш.

Голманот Грбавац имаше одлична вечер, тој беше и моторот на екипата во вториот дел, во финишот имаше неколку интервенции по кои Загреб од 26-30, стигна до 29-30 во последната минута.
Но, имаше Барса посед во последната минута, одлично одработи за чиста позиција за Гомез кој го постави конечниот резултат.

Драматично беше и во Алборг каде што домашниот тим минимално 29-28 го совлада тимот на ПИК Сегед од Унгарија. Имаше ПИК Сегед седмерец во последниот напад за нерешено, но Себастијан Фримел не успеа да го реализира и бодовите останаа за домашниот состав.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk