Ристевски следните четири години во Е. Пелистер

Македонскиот кадетско-јуниорски репрезентативец, Самоил Ристевски потпиша договор со екипата на Е. Пелистер со кој клубот и ракометарот се обврзаа за соработка во следните четири сезони, вклучувајќи ја и актуелната.
Самоил Ристевски важи за еден од столбовите на кадетскиот состав кој летово настапи на ЕХФ Еуро, тој оригинално беше предвиден сезонава да настапува во Е. Пелистер 2, но многу брзо првиот тим го зема под своја закрила и веќе има настапи во Лигата на шампионите.

Позитивниот фид-бек од неговиот настап, позитивните реакции од јавноста, посебно битолската спортска јавност, исто така одигра важна улога и Ристевски во следниот четиригодишен циклус ќе биде дел од најсилниот зелено-бел тим.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk