foto> valur.is
Исландскиот Валур, екипата што беше лесно совладана од Вардар 1961 во првото коло од ЕХФ Европската лига му направи огромна услуга на македонскиот вицепрвак и практично му ги отвори вратите од следната рунда во Европската лига на македонскиот клуб.
Валур на домашен терен одигра нерешено со Порто, на хартија најголемиот конкурент на Вардар за второто место во групата. Имајќи предвид дека првиот фаворит Мелзунген славеше над Порто како гостин и според прикажаното во првите две кола би било сензација оваа германска екипа да загуби некаде во оваа групна фаза, пред Вардар се отвора следнава можност.
Со една победа над Порто на следните два меча и победа над Валур на гости, Вардар би го освоил второто место во групата и би се пласирал во следната фаза, каде што најдобрите две екипи од групата „Ф“ каде што игра Вардар ќе вкрстат со најдобрите две екипи од групата „Е“ во која се Кил, Војводина, Торелавега и Нексе. Како стојат работите по две кола, најголеми шанси имаат Кил и Војводина.
Дуелите меѓу Вардар и Порто се следни на распоредот, на 22.10 во Скопје и 29.10 во Порто.
Порто на Исланд, одигра меч што долго ќе го прогонува. На почетокот на вториот дел, Португалците водеа 17-10, а потоа им дозволија на домашните серија од 6-1 со која Валур дојде до 16-18 и го направи мечот резултатски интересен. Во финишот, Валург водеше и со 27-25, но последните два гола ги постигна Порто и средбата заврши 27-27, епилог што најмогу од сите опции му одговара на Вардар 1961.
Поврзани вести