Чаир во Порто по 1/8 финале на ЕХФ Куп

Екипата на Чаир како единствен претставник на женскиот клупски ракомет од Македонија во европските купови, во рамките на третото коло од ЕХФ Куп ќе се сретне со португалската екипа Колего ди Гаја.
Тоа е клуб од општината Вила Нова ди Гаја која е во рамките на градот Порто, но има своја независна администрација, позната и по тоа што винските визби на Порто се лоцирани таму.
Колего ди Гаја, пак, е екипа во која има и доста возрасни и доста млади ракометарки надополнети со еден странец – данскиот лев бек Каролоне Ладефогед.

Двете средби од второто коло ги играа на домашен терен против екипа од Косово и победија на двете средби без поголеми проблеми.
Првиот натпревар ќе се игра во Португалија во термините 9/10 ноември, реваншот е една недела подоцна, во Скопје.
Победникот од овој двобој ќе се пласира во Топ 16 на ЕХФ Европскиот Куп.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk