Гризање, плукање, пцуење, расизам е епилог на полското дерби

photo: Indistria Kielce

Полското дерби меѓу Висла Плоцк и Келце доби сосема друга димензија која излегува од рамките на спортското ривалство и се претвора во отворен конфликт на ниско ниво недостојно за големите имиња во кој актерите, особено тренерите на двата тима имаат видна улога. 

Дербито имаше елементи на сѐ и сешто, илустрирано низ ракометните правила - 21 исклучување и син картон поради гризање на противнички играч. 

Имаше и трето полувреме во кое двата шпански тренери, Хавиер Сабате и Талант Душебаев имаа што да си кажат еден на друг, а потоа имаа што да изјават и на прес конференција и преку соопштенија. 

Имено, Хавиер Сабате го обвини Талант Душебаев дека го псуел и плукнал и тоа пред делегатот на мечот. 
„Сѐ има граница. Ова не му е прв пат и не можам да прифатам такво однесување. Суперлигата молќи за такво однесување, но еден ден ќе се случи нешто сериозно и ќе имаме голем проблем“, изјави Сабате меѓудругото на прес конференцијата. 

Талант Душебаев не беше на прес конференцијата, таму присуствуваше асистентот Лијевски, но го обвини Хавиер Сабате дека го пцуел и му рекол меѓудругото „Еб.н Кинез“. Келце по мечот обвини и за расизам не само кон Душебаев(и), туку и кон Дилан Наи и Томас Гебала. 

Од спортскиот дел, ќе подвлечеме дека Висла победи со 29-25 и тоа беше нивни петти натпревар по ред на кој го победуваат Келце.




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk