Еден гол му фалеше на Ѓ. Петров за пенал рулет

Македонскиот првак Ѓорче Петров ЖРК, успеа да анулира седум од осумте гола негатива од дуелот со шведскиот Хоор, но не успеа да стигне до пенали. Конечните 26-19 значат дека Хоор се пласира во третото коло, европската авантура за нашиот шампион во ЕЛ, заврши.
Тој еден последен гол, не успеа да го постигне и двобојот со Швеѓанките да стане „револверашки“.
По 21-29 минатата недела во Шведска, ѓорчепетровки вечерва имаа шанса за реванш, но на крајот се покажа дека преголема беше разликата.

Гостинскиот состав успешно парираше во Скопје и без разлика што постојано беше во негатива, таа разлика беше од два до три гола до 45 минута, потоа се зголеми на 3 до 4 гола, а во 55 минута прв пат македонскиот тим на да има плус пет.
Потребни беа плус осум за да дојде до пенали, затоа што веќе не важи правилото повеќе голови на гости.
Во последната минута македонскиот состав зголеми на седум гола разлика, но време за посакуваниот осми гол, за жал немаше.
Ивана Дежиќ со 10 гола и Есма Муратовиќ со осум постигнати погодоци беа најефикасните ракометарки во составот на Ѓорче Петров,

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk