Победничката серија на ГРК Охрид запре во Битола. Актуелниот првак Пелистер му го нанесе првиот пораз на охридскиот состав (25-22) и го симна едно место подолу на табелата.
Епитет дерби меч имаше пресметката во Битола, меѓутоа недостасуваа доста елементи на дерби, особено во резултатскиот дел вечерва.
ГРК Охрид потфрли вечерва и успеа да биде резултатски конкурентен само до резултат 4-4. Потоа следеше серија од 5-0 и водство од 9-4 за битолчани по што практично беше решен и победникот на натпреварот.
Намалија охриѓани на 8-10, пред одново Пелистер да се одлепи и на полувреме да замине со резултат 14-9. Во второто полувреме, домашниот состав поведе со 18-11, по десетина минути игра во второто полувреме, по што натпреварот го загуби и тој малку ритам што го имаше.
Се обидоа гостите со 7 на 6, но таа тактика им креираше повеќе шанси за лесни голови домашните отколку што беше опасност за нив. Со предност од 6-7 гола, ракометарите на Пелистер беа комотни во својата улога во дербито, комплетно ја умртвија играта и без брзање го одработуваа секој напад.
Гостите од Охрид, пак, не покажаа некоја особена мотивација и жар за да се вратат во игра, но полека ја намалуваа разликата, па така во еден момент стана 23-20, па 24-22 и но и немаше време., тоа беше во 60 минута од мечот.
Поврзани вести