Македа гризеше на терен и доби син картон!

Флоскулата „гризеше на терен“ денеска доби нови практично значење откако поранешниот ас на Вардар, Хорхе Македа го гризна противничкиот играч, во случајов Мирсад Терзиќ и по видео-анализата си заработи син картон. 

Во тек е најголемото полско дерби, дуелот меѓу Висла Плоцк и Келце и се игра во Плоцк, а на полувреме домашниот тим води 18-14. 

Инцидентот се случи за време на напад на Келце од кој тие постигнаа гол. На линијата за простор се бореа Македа и Терзиќ. Во еден момент, кога домашните изведуваа удар по примениот гол, Македа кој беше зад Терзиќ, го гризна по грбот босанскиот интернационалец. 
Следеше прекин, гледање на видео-снимка и син картон за Шпанецот. 

Келце и на овој меч не може да смета не неколку повредени играчи, па во екипата се приклулени и играчи од вториот тим. Како и да е, на дербитно на терен веќе немаат десен бек затоа што Алекс Душебаев е повреден, а Македа исклучен.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk