Сигурни „два“ за Пролет против Куманово

Тинекс Пролет во седмото коло ја запиша втората суперлигашка победа, екипата која од Скопје си замина со празни раце е МРК Куманово, а резултатот е 28-25.
Куманово се чини како екипа која е ниво повисоко од ланската сезона, се покажаа како тврд орев и против тимот на Ацо Јовиќ, но кога беше најважно, во последните 15 минути домашните беа подобри и заслужено ги освоија бодовите.
Куманово беше тимот што подобро го отвори натпреварот и имаа контрола над играта до 9-12, кога Тинекс Пролет ја среди одбраната, постигна лесни голови и не дозволи гостите да одат на полувреме со предност.

Домашниот состав го контролираше резултатот на стартот од второто полувреме, но кумановци за момент поведоа со 20-21.
Брзо стигна одговор од домашните, преку Стојановски и Палевски го свртеа резултатот во своја полза и со предност од 23-21 го принуди гостинскиот тренер да побара тајмаут. Потоа Тинекс Пролет стигна до најубедливи четири гола предност (25-21).
Тоа беше клучниот момент, потоа гостите се обидоа да се вратат во игра, но само делумно успеаја да го ублажат поразот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk