Почна „војна“ меѓу Веспрем и Барса

Photo: FC Barcelona

Ривалството меѓу Веспрем и Барса ескалира во „специјална“ војна, а клучната личност во прказната е поранешниот тренер на Барса, Хавиер Пасквал кој сега го води Веспрем. 
Енрик Масип (фото), поранешниот капитен на Барса, а сега советник на Хуан Лапорта, за шпански медиум отворено зборуваше за војната што се води меѓу овие два клуба под површината. Масип неофицијално стои и зад ангажманот на Пасквал за тренер на Барса, но и за неговата смена 12 години подоцна. 

Ривалството доби друга димензија откако Веспрем му понудил договор на голманот Емил Нилсен. Тој наводно го прифатил договорот за трансфер од 2026, но дури и да остане во Барса, по ова работите драстично се менуваат и за каталонците затоа што тие ќе мораат да направат нови финансиски планови, да го платат поскапо, а тоа неминовно ќе се одрази и кај другите играчи. На Масип и на Барса, тоа воопшто не им се допаѓа. 

„Не мислам дека постоеше намера да се наштети кога се работи за Емил Нилсен. Но, тој (Пасквал) пред турнирот ги контактирал, а за време на Светското клупско првенство во Каиро им пришол и на Алеиш Гомез, Дика Мем и Луиш Фраде со цел да ги привлече во својот проект во Веспрем. Кога правиш таква работа, тогаш целта е да му наштетиш на другиот тим и тоа многу ми смета“, изјави Масип за 3cat. cat

„Неколку играчи од Динамо Дукурешт решија да го следат. Динамо, иако е тим  од ЛШ, сепак, не е од силните тимови и не може да ни наштети. Веспрем е друга приказна, тоа е историски клуб. Во ред е и ако контактираш еден играч, но кога ги контактираш сите важни играчи тоа е поинаков момент“. 

Причините за предноста на Веспрем во однос на Барса, Енрик Масип ги гледа во даночниот систем. 

„Благодарение на даночната политика, играчите што играат во Веспрем плаќаат 15% даноци. Тие што играат во Барса треба да платат повеќе од 50 %. Затоа Веспрем може да даде подобри понуди. 
Но, не сакаме играчи што не сакаат да бидат во Барса. Ако сакаш да напредуваш и да бидеш дел од најдобриот клуб во светот, не смееш да ги гледаш само парите. Мораш да ги почувствуваш боите на клубот. Ние освоивме две титули во три сезони во ЛШ среде кратење на буџетот“, изјави Масип. 

Во целава приказна ниту Барса не е жртва, затоа што Лудовик Фабрегас кој во моментов игра за Веспрем, наводно треба да се врати назад во Барселона. 

„Нема да го коментирам тоа. Ќе кажам само дека законот дозволува да преговараме со играчи кои ја играат последната сезона од договорот“, потенцираше советникот на Лапорта. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk