Веспрем ја крена цената на Нилсен, Барса спремна да плати

foto: FC Barcelona

Информацијата дека Веспрем преговара или веќе се договорил со голманот на Барса, Емил Нилсен, веќе не е во рамки на шпекулација откако тренерот на Барса, Антонио Карлос Ортега меѓуредови ја потврди.

„Ваквите ситуации се неизбежни. Знам дека клубот прави големи напори да го задржи. Има клубови што плаќаат повеќе, но ние сме клуб со 12 шампионски титули во ЛШ. На крајот, секој играч сам решава за својата иднина“, изјави Ортега. 

По ова шпанските медиуми испратија и нова вест во етерот. Барса, наводно е подготвена да го корегира неговиот договор и доколку се согласи да остане, тој би бил најскапо платен играч на Барса и покрај ризикот тоа негативно да се одрази и да има ефект и кај другите играчи во екипата.  
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk