Дидие Динар стана селектор на Црна Гора

Foto: RSCG

Долго преговараше и бараше нов селектор црногорската федерација за својата машка сениорска репрезентација. На крајот се договори со француската легенда Дидие Динар. 
Дидие Динар беше еден од најдобрите дефанзивци воопшто на сите времиња во светскиот ракомет, член на оригиналната постава на „експертите“ и проект за иден селектор на Франција. 
По завршувањето на кариерата од 2013 до 2016 го печеше занаетот како асистент на легендарниот Клод Онеста, а потоа од 2016 до 2020 самостојно ја водеше Франција и освои злато на СП и две бронзи од ЕП.

Динар доаѓа на местото на Владо Шола со кого Црна Гора беше елиминирана во бараж квалификациите за СП и тоа од Италија. Тој во моментов е тренер на Иври, а ќе ја преземе црногорската репрезентација веднаш и ќе ја води во квалификациите за ЕП 2026 во која Црнорогците се во група со Финска, Словачка и Унгарија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk