Photo: Industria Kielce
Не е прв пат, дури станува и непишано правило кога една екипа во топ натпреварување какво што е Лигата на шампионите, игра со преполовен состав, да успее да извлече добар резултат. Од времето кога Кил со девет играчи успеа да стане европски шампион по двомечот со Флензбург, до вчерашното мало чудо на Келце во Магдебург имаме доволен број на примери што ќе го поткрепат ова „непишано“ правило.
Талант Душебаев вчера во Магдебург, кај бившиот европски првак, актуелен германски шампион и светски клупски вицешампион замина со само 12 ракометари. Од нив двајца голмани, две леви крила, тројца пикери, еден изразито дефанзивен играч и со само уште четири играчи за сите други позиции. Без Алекс, Карачиќ, Сичко, Конку, Кадах...
Рецепт за фијаско?
Напротив. За прв пат во клупската историја, Келце победи во Гетек Арена во Магдебург.
Оваа постава на Келце се бореше како никогаш досега, а уморниот германски тим на крајот мораше да пружи рака на резервистите од полскиот вицешампион. Конечни, 26-27.
На другиот крај на Европа, околу 1000 километри јужно, пак, поинаква приказна. Во Нант дојде норвешкиот проект Колстад, без својата прва ѕвезда Сандер Сагосен и беше декласиран со 17 гола разлика (27-44).
РЕЗУЛТАТИ ЛШ
ГРУПА „А“
Берлин - Висла 25-24
Веспрем - Динамо 36-24
Пелистер - Спортинг 24-24
ПСЖ - Фредериција 38-30
ГРУПА „Б“
Барса - Алборг 35-27
Магдебург - Келце 26-27
Нант - Колстад 44-27
Загреб - Сегед 30-35