Веспрем повторно „гази“

ВЕСПРЕМ - ДИНАМО БУКУРЕШТ 36-24 (19-11)

„Ако не го загубевме тој меч – така, можеби немаше да станеме светски клупски прваци“, изјави Хавиер Пасквал множејќи го со нула фијаското од Спортинг (30-39), уште повеќе претворајќи го во полза дебаклот во Лисабон.
А потоа додаде дека од почетокот на сезоната ги победиле ПСЖ, Берлин, Магдебург и Барса. На тој список вечерва е додаден и Динамо Букурешт, неговиот довчерашен клуб.
Веспрем немаше милост кон Динамо на вечерашното соочување во Лигата на шампионите. По нерешените 4-4 на почетокот на мечот, влегоа во серија од 6-0, поведоа со 10-4 и тоа му даде тон и правец на натпреварот.
По 15 минути игра, Пасквал од страна на Веспрем и Дејвис од страна на Динамо, повлекоа типично шпански потези со безмалку комплетни ротации, па добивме впечаток како сосема нови екипи да се на теренот.

Подолга или пократка ротација, сеедно, на полувреме бепе 19-11 за Веспрем.
Второто полувреме не донесе новитети во поглед на резултатот во првата фаза, а потоа Веспрем влезе во нова серија, предноста почна одново да расте, стигна до 15 гола разлика (33-18), и продолжи да доминира до крајот.




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk