Келце со 12 играчи во Магдебург

photo: Industria Kielce

Полскиот вицешампион Келце има само 12 играчи спремни за игра и сите ќе бидат денеска во составот за дуелот со германскиот шампион Магдебург во четвртото коло од Лигата на шампионите. 

Хасан Кадах, Симон Сичко, Бекир Чордалија, Алекс Душебаев, Беноа Конку, а последно и Игор Карачиќ нема да бидат во составот. Од споменатите 12 ракометари што се во ростерот, двајца се голмани, тројца се пикери, а еден е класичен дефанзивец, па кога ќе се состави тимот, Талант ќе има само една постава за играње и пикери и голмани за ротација. 
Ниту на Магдебург не му цветаат рози со повредени (Клар, Муше), но неспоредливо е со тоа што му се случува на тимот на Келце. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk