Ќе менува ли Турција селектор пред ЕП 2024?

Женската репрезентацијата на Турција е противник на Македонија на Европското првенство што следниот месец ќе се игра во три држави, а нашиот тим во Прелиминарната рунда ќе игра во Дебрецен, каде што во 2022 година играше и машката репрезентација. Покрај Турција, противници ќе ни бидат и домашната Унгарија и репрезентцијата на Шведска.
Актуелен селектор на Турција е романскиот стратег Костика Бучески, но дали тој ќе биде на кормилото на репрезентацијата или ќе има друг стратег зависи од два фактора што наскоро треба да се развијат во конкретна акција.

Првото е дали Турција останува на ставот да има странски селектор откако имаше промена на врвот на нивната федерација неодамна. Нов претседател на Турската ракометна федерација стана Месут Чеби (фото), кој убедливо ги доби изборите на кои имаше уште два кандидата. Какви промени ќе воведе, дали селекторските позиции ќе бидат „чепнати“, ќе видиме наскоро.

Вториот фактор е понудата што за Костика Бучески наводно ја подготвува романската екипа Јаши. Овој клуб годинава обезбеди пласман во најсилната конкуренција, но по првите пет кола нема освоено бод и тоа значеше раскин на договорот со тренерот Даниел Георге. Нивна желба, наводно е Бучески, па како оттука ќе се развива целата приказна, секако ќе дознаеме наскоро.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk