Митревски: Сите се заслужни за големиот бод

Македонскиот првак Пелистер, по 21 натпревар без освоен бод конечно ја прекина црната серија на дуелот со португалскиот Спортинг во четвртото коло од Лигата на шампионите сезонава.

Трилер натпревар се играше во Битола каде што Пелистер на една минута и осум секунди до крајот имаше минус од три гола, но, овој пат сета убавина на резултатски пресврт беше на страната на македонскиот тим.

Конечниот резултат е 24-24, самодовербата треба да е сега на многу повисоко ниво во пресрет на дуелите со Висла, Веспрем и особено двата врзани меча со Фредериција од кои очекуваме и победа, а тој резултат да не биде рангиран во категоријата чудо.
Никола Митревски имаше одлична вечер, успеа да запре важни и тешки шутеви на ривалот со кој по неколкугодишните дерби на португалско тло, сега го пречека и во родната Битола.

„Игравме одлично цели 45 минути, а потоа неколку наши грешки доведоа до тоа тие да направат целосен пресврт. Нашата упорност и верба во себе доведе до тоа на крајот да освоиме бод. Сите играчи имаат заслуги за овој бод и им честитам за пожртвуваната игра“, изјави голманот на битолчани на прес конференцијата по натпреварот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk