-
10.10.2024
-
Вести, Трансфери
За актуелниот европски шампион, Барса доаѓа време на голема трансформација, затоа што веќе се најавени, дел и потврдени трансфери на неколку нивни стартни играчи од актуелниот состав во наредните две лета.
Веќе во јуни од Барса треба да заминат Мелвин Ричардсон (Висла), Гонзало Перез де Варгас (Кил) и Хампус Ване (ПИК Сегед?), а неофицијално Веспрем веќе постигнал договор со Емил Нилсен за трансфер во 2026 и со Дика Мем, исто така во 2026.
Барса можеби е клуб што не плаќа толку високи плати како Веспрем, Сегед, Висла итн. Но, нивното име и системот, спортското семејство во Барселона во кој припаѓа и ракометниот колектив се толку големи што можат да привлечат и врвни играчи за помалку пари.
Наводно исландскиот голман Виктор Халгримсон треба да го замени Гонзало Варгас на голот, а Барса нема да му остане комплетно должна на Веспрем, па оттаму го враќа во своите редови францускиот пикер Лудовик Фабрегас. Французинот ја игра последната година од договорот со Веспрем, а шпанскиот „АС“ објави дека овој трансфер е пред реализација.
Поврзани вести