Загреб немоќен во својата арена

ЗАГРЕБ - ПИК СЕГЕД  30-35 (12-19)
Билалушки 9, Кларица 7 - Шоштариќ 10, Банхиди 5

ПИК Сегед минатата сезона во Загреб загуби со пет, годинава победи со пет гола разлика. До толку е подобрена екипата сезонава, а хрватскиот шампион, константно со финансиски проблеми односно лимиитран буџет, не може да состави поконкурентен состав.

Сегед подобро отвори и поведе со 4-1 во добро попоплнетата арена. Следеше серија од 3-0 на домашните, па игра гол за гол, но во втората половина на полувремето Сегед притисна, го скри својот гол, направи серија од 8-1 и на полувреме имаше големи 19-12.

На стартот на вториот дел се растрчаа домашните, намалија на три гола разлика, но толку беше од нив.

Гостите од Унгарија не дозволија поголемо приближување, па до крајот на мечот се играше во рамки на 4-5 гола разлика до конечните 30-35.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk