Партизан купува „капиталец“

Екипата на Партизан од Белград, сериозно ќе ја предизвика Војводина сезонава во битката за шампионската титула, а е потенцијален противник и на Алкалоид и Охрид во некоја од следните фази на ЕХФ Европскиот Куп. 

Црно-белите осоколени од победата во Нови Сад во првото коло од шампионатот, сега уште ги зголемуваат амбициите и влогот и најавуваат ново големо засилување во тимот. 

Станува збор за искусниот руски плејмејкер Димитри Житњиков, член на полскиот тим Висла Плоцк. Житњиков сезонава не добива голема минутажа во Полска, па Србија се чини од повеќе аспекти добар избор за Русинот за кој своевремено се зборуваше и за трансфер во Вардар. 

Димитри Житњиков во Висла игра од 2021 година, а и претходно од 2015 до 2017 беше дел од полскиот клуб. Меѓу двата договора со Висла, четири сезони мина како играч на ПИК Сегед. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk